Тутун се сади без план

Bez autora
May 03 2010

Зголемувањето на производството на тутун што земјоделците го најавуваат за годинава ќе создаде енормни резерви на оваа култура, кои ќе нема каде да се продадат. Тие велат дека за зголемените површини на тутун никој од откупувачите, кои во најголема мера се странски, нема да сака да склучи договори за купување бидејќи ќе нема каде да го пласира. Деновиве голем е бројот на тутунари што одат од еден до друг откупувач со надеж дека ќе се склучи договор за откуп, но оттаму им велат дека договори за нови тутунопроизводители нема. Исто така, им објаснуваат дека точно се знае од кој реон колку тутун треба да се откупи и дека наместо да ги зголемуваат површините, истите треба да се намалуваат. Дел од тутунарите ни ја ја потврдуваат оваа информација, но се надеваат дека и покрај првичните негирања на откупните претпријатија дека не им треба повеќе тутун од најавениот, ќе им го откупат и оној за кој нема договори.

Тутун се сади без планЗголемувањето на производството на тутун што земјоделците го најавуваат за годинава ќе создаде енормни резерви на оваа култура, кои ќе нема каде да се продадат, тврдат експертите.

Тие велат дека за зголемените површини на тутун никој од откупувачите, кои во најголема мера се странски, нема да сака да склучи договори за купување бидејќи ќе нема каде да го пласира. Извори на „Дневник“ велат дека деновиве голем е бројот на тутунари што одат од еден до друг откупувач со надеж дека ќе се склучи договор за откуп, но оттаму им велат дека договори за нови тутунопроизводители нема. Исто така, им објаснуваат дека точно се знае од кој реон колку тутун треба да се откупи и дека наместо да ги зголемуваат површините, истите треба да се намалуваат.

Дел од тутунарите ни ја ја потврдуваат оваа информација, но се надеваат дека и покрај првичните негирања на откупните претпријатија дека не им треба повеќе тутун од најавениот, ќе им го откупат и оној за кој нема договори.

- Точно е дека поради зголемувањето на субвенциите за килограм предаден тутун голем дел од фармерите годинава се решија да ги зголемат површините под оваа култура. За најголем дел од количините што ќе се произведат има договори за откуп, но има и такви што ќе произведат без договор - вели Сејфедин Асан, потпретседател на Здружението на тутунопроизводители на Македонија.

Тој објаснува дека земјоделците се свесни дека површините мора да се намалуваат, посебно што за кратко време се очекува влез во Унијата.

- Свесни се сите дека мора да се бараат алтернативи за производство, но и покрај тоа се надеваат дека ќе заработат барем додека нема ограничување на производството - вели Асан.

Во Министерството за земјоделство велат дека ова е очекувана реакција од страна на земјоделците.

- Ако се има предвид дека годинава субвенциите се зголемени од 45 денари за килограм на 60 денари, логично е дека ќе се зголеми и производството. Но сите знаат дека без договор за откуп не треба да садат, бидејќи ќе нема кој да им го купи - вели Соња Трајкова, портпарол во Министерството за земјоделство.

Експертите велат дека и условите што ги диктира државата водат кон намалување на површините под тутун.

- Борбата против пушењето, зголемената понуда на евтини тутуни од Турција и од Грција, како и намалените квоти од страна на ЕУ, ограничување на побарувачката на цигари во земјите-производители и зголемувањето на акцизите води до стагнација на пазарите и отежната положба на производителите на тутун - вели професорот Борис Анакиев.

Тој им предлага на тутунарите да најдат алтернативни култури за одгледување.

- Како прво, во рамничарските предели на тутунопроизводните региони може да се одгледува јаболчесто овошје, цреши, вишни, ореви, бадеми и сл. На повисоките делови со наклон успешно може да се одгледуваат лешници, капини, малини - вели Анакиев.

Според него, на истите површини од тутун може да се одгледува и ран зеленчук, компир, посебно семенски, а исто така тие површини се добри и за одгледување трева и фуражни култури. Во голем број тутунски реони има погодни услови за рентабилно производство на сено и семе од луцерка, детелина, власатка и други треви.

- Тутунарите може да почнат да размислуваат и за зголемување на бројот на локални раси добиток, а исплатливо е и производството на јагнешко месо и одгледувањето определени раси кози - вели Анакиев. Тој објаснува дека тутунарите треба да размислуваат и за органско земјоделство, семејни фарми за декоративни растенија, селски туризам и хотелиерството, пчеларство, одгледување полжави и слично.

Според официјалните статистички податоци, во Македонија тутунот се одгледува на површина меѓу 15.000 до 20.000 хектари, а зафаќа над 3 отсто од обработливите површини. Тутунот е производ наменет за извоз, со кој Македонија покрива голем дел од негативниот биланс меѓу извозот и увозот на храна со околу 100 милиони долари годишно.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik